Споделете ја својата локација на Facebook Messenger

Facebook на својата чет алатка сега додаде нова функционалност. Корисниците можат со своите пријатели или пријател да ја споделат локацијата на која се наоѓаат. Вака споделената вест трае еден час, а потоа се брише.

Локацијата може да се споделува единствено во приватни пораки или во група. Објавувањето на функцијата Live Location, Facebook го сподели на својот блог.

Функционалноста овозможува споделување на локацијата директно од Messenger. Примачот на пораката потоа може да види проценка колку време му треба да стигне до ова место со автомобил. Корисниците можат и да си споделуваат локации на мапата, пример некое кафуле каде може да се сретнат или продавница во која е достапен некој производ.

Надградбата е достапна на iOS и на Android.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk