Eштон Кaчeр ќе го глуми Стив Џобс

7 коментари 1 мин. читање

Актерот кој го замени Чарли Шин во Two and a Half Man, Eштон Кaчeр сега ќе го глуми Стив Џобс во независен филм биографија на легендарниот основач на Apple. Филмот ќе биде режиран од Џошуа Мајкл Стерн, познат по филмот Swing Vote.

Variety ја објави веста на 1-ви април, по што многумина не ја сватија сериозно, иако авторот инсистираше на својот Twitter профил дека се работи за вистинска приказна.

Според новинарот, филмот ќе започне од ерата на Џобс кога беше само хипик-претприемач во Силиконската долина. Покрај овој филм, и Sony Pictures снима уште еден за Стив Џобс според официјалната биографија на Џобс напишана од Валтер Исаксон.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед