Српскиот креатор на Top Eleven, Nordeus, бара програмери за својата нова канцеларија во Скопје

0 коментари 1 мин. читање

Српскиот стартап Nordeus, еднаш прогласен за најдобар гејминг стартап во Европа, наскоро ќе отвори канцеларија во Скопје. Стартапот е познат по својот Facebook фудбалски менаџер Top Eleven кој е една од најуспешните спортски симулации на мрежата со над 10 милиони активни играчи. Од неодамна заштитното лице на играта е трофејниот тренер на Челзи, Интер и Реал Мадрид, Џозе Мурињо. Во моментов се нудат вработувања во Скопје за backend и frontend програмери за игри. Кандидатите треба да имаат добро академско искуство од компјутерски науки, тука се вклучени и студентите од 3-та и 4-та година, добро знаење во Java или C#, разбирање на англискиот, добра тимска работа и секако желба за работа.

Повеќе детали за апликациите ќе најдете тука. Истовремено со најaвата за центар во Скопје, Nordeus најави и отварање на канцеларии во Даблин, Ирска, кои ќе им служат за маркетинг и промовирање на бизнисот. Еве што велат вработените во Nordeus за својата компанија:

[youtube]iH6ELgWGEtU[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед