2 коментари 1 мин. читање

Microsoft со помош на Siri го исмева Apple и iPad

Ако ви недостауваа Mac vs. PC рекламите, може да здивнете. Microsoft со новата реклама за своите таблет комјутери ќе ве врати во времето на најголемото ривалство помеѓу оваа компанија и Apple.

Под мотото „Less talking, more doing“, компанијата ги споредува iPad и Windows таблет комјутерите. Рекламата го напаѓа iPad споредувајќи ја неговата цена, но и поставува прашање околу корисноста на дел од апликациите на AppStore. Да биде забавата уште поголема сето ова е направено со гласот на Siri.

Без разлика за кого „навивате“ во оваа борба мора да се признае дека рекламата на Microsoft овој пат, е навистина добро осмислена. Директно ја напаѓа високата цена на iPad, презентира дел од своите апликации кои ви се достапни и на десктоп, и директно ја напаша претходната реклама на iPad mini.

Сепак пологично би било рекламата да биде споредба помеѓу Surface и iPad, иако можеби целта на рекламата сепак е споредба на двата оперативни системи, наместо споредба на хардверот.

[youtube]86JMcy5OqZA[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top