0 коментари 2 мин. читање 5 ноември, 2015

Со 23MP камера, Sony Xperia Z5 е вистинскиот телефон за Џејмс Бонд

Sony Xperia Z5 е еден од оние уреди кои повеќе заслужуваат да бидат фотоапарат, отколку телефон. Телефонот, кој се прослави во новиот филм за Џејмс Бонд, Spectre, доаѓа со 23 мегапикселен сензор, F2.0 G леќа и со 0,03-секунди фокус. „Xperia Z5 е телефон за Џемс Бонд, со камера која заслужува еден шпион… Без разлика на помалите пропусти Sony може да биде горд на својот телефон,“ вели Telegraph во својата рецензија.

Иако Sony објави Bond Edition на Xperia Z5, сепак разликата помеѓу моделите е само во црната маска. Димензиите се речиси стандардни за телефон кој доаѓа со 5-инчен дисплеј – 146х72х7,3 mm. Дисплејот доаѓа со X-Reality технологија, која Sony ја користи за своите поскапи телевизори. Со Xperia Z5, Sony го следи трендот на телефони кои доаѓаат со можност за отклучување со отпечаток од прст. Процесорот во телефонот е Qualcomm Snapdragon 810, а телефонот доаѓа и со Quick Charge 2.0 со кој се овозможува полнење кое е доволно за пет и пол часови користење за само десет минути.

Со оглед на тоа дека телефонот е речиси камера, додавањето на копче специјално за фотографирање не е ама баш никакво изненадување, а ќе биде добредојден додаток за сите кои првенствено сакаат да фотографираат.

Оперативниот систем на Xperia Z5 e Аndroid 5.1.1 со модифициран скин, но токму ова е еден од ретките пропусти кои Sony ги прави со телефонот, анимацијата и трaнзицијата е бавна и наликува постаро, па прави телефонот, кој сепак е одличен, да наликува застарено.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top