Српската видеоигра Columnae успеа да собере 40.000 евра на Kickstarter

во гејминг

Видеоиграта на српското студио Moonburnt, COLUMNAE: A Past Under Construction успешно ја заврши својата kickstarter-кампања. Во текот на кампањата играта собра 41.000 евра, од над 1.000 поддржувачи. Играта веќе надмина уште еден предизвик, откако претходно успешно ја заврши Steam Greenlight кампањата.

columnae-gif-1

Дејствието на играта е сместено во „steampunk“ универзум во свет во кој по катастрофален настан светот е поделен на неколку зони. Токсична експлозија го затру воздухот, а најбогатите се затворија во „Deus“ лоциран на врвот на „пирамидата“. На дното е машинеријата која ги снабдува богатите со природни ресурси. Двете зони се разделени со столбови во кој живеат најсиромашните граѓани. Се разбира нашиот протагонист токму тука ќе ја започне својата авантура…

columnae-ingame-pic

Играта ќе се обиде да оживее еден помалку подзаборавен жанр point & click авантури. Сепак за разлика од најголем дел игри од овој жанр, Columnae ќе овозможува нелинеарно раскажување на приказната. Во текот на играњето играчот треба да донесува морални одлуки кои ќе влијаат на понатамошниот развој на приказната.

Средствата кои се собрани од Kickstarter кампањата ќе бидат искористени за проширување на тимот и довршување на играта, велат Јелена Милетиќ, Јоаван Весиќ и Бојан Бранков од Moonburnt за Netokracija.

Демо за видеоиграта е достапно на itch.io, од каде заинтересираните можат да го преземат и да ја „истестираат“ играта. Демото е достапно за Windows, Linux и macOS.

 

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments