Google најави дека септемвриската итерација на прелистувачот Chrome ќе започне да го блокира Flash.
Flash долго време имаше главна улога кога беа во прашање веб-анимациите, игрите или видео содржините. Денес HTML 5 е со помала потрошувачка на енергија, побрз и најважно многу побезбеден.
Поради ова Chrome 53 ќе започне да го блокира Flash, a Chrome 55 ќе го направи HTML 5 основа при прелистувањето.
„Денес над 90 отсто од Flash се вчитува во позадина за поддршка на аналитика на страниците. Ова ве забавува, и од септември, Chrome 53 ќе започне да го блокира. HTML 5 е многу полесен и побрз, а издавачите го користат да ги забрзаат своите веб-страници, да го скусат вчитувањето и да ви заштедат на батериите. Ќе забележите подбрување и во респонзивноста и ефикасноста на многу сајтови.“, вели Ентони Лафорџ на блогот на Google.
На веб-страниците кои ќе имаат само Flash, корисникот ќе може самостојно да ја активира поддршката. Mozilla веќе најави дека од овој месец ќе го блокира Flash во Firefox.