0 коментари 1 мин. читање

Среќен 5-ти роденден Firefox

{mosimage} Firefox, прелистувачот на Mozilla, денеска слави 5 години. Првата 1.0 верзија се објави на 9-ти ноеври 2004 година, а беше екперимент за самостоен прелистувач кој ќе биде алтернатива на прелистувачот од Mozilla Suite пакетот кој содржеше и клиент за имејл, IM клиент…

Денес,
Firefox е втор најпопуларен прелистувач во светот со 20 до 25 отсто од пазарот, зад Internet Explorer на Мicrosoft. Но тоа е во светот. Во Македонија Firefox e доминантен. Над 60 отсто од корисниците користат Firefox, според нашата анкета.

За да го одбележи роденденот Mozilla организира забави низ светот. Таква забава ќе се одржи и во Македонија, поточно во Скопје. Забавата ќе биде на Машинскиот факултет и ќе трае од 19 до 21 часот. Повеќе информации на блогот на Mozilla Македонија..

Инаку, во август
Mozilla Firefox ја пројде и бројката од 1 милијарди симнувања на овој бесплатен прелистувач.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top