Справувајте се со виртуелните дискови со OSFMount 2

OSFMount е алатка која ќе ви помогне да пристапите кон слики од локални дискови. Со овозможување mount на таквите images, можете да читате и запишувате податоци во нивната внатрешност. Секоја слика е пропратена со одредена буква, а до неа пристапувате како до било кој физички приклучен хард диск, односно партиција. Анализа на дискот се врши со таканаречената PassMark OSForensics технологија.

Интересно е тоа што програмот се одликува со солидна поддршка за создавање RAM дискови или драјвови на кои се прави mount во RAM меморијата, со што не само што се зголемува безбедноста туку и брзината на пристапот. Во поглед на безбедноста, секојпат кога ќе го исклучите компјутерот, содржините од сликите не остануваат на хард дискот затоа што не ни биле пласирани на физичкиот хардвер во прво место, туку во РАМ меморијата. Во поглед на брзината, пак, ваквата можност е одлична за аликации кои бараат голема брзина и пристап до дискот, како апликации со датабази, игри или пак прелистувачи. Што се однесува до останатите формати на слики, OSFMount нема да ве разочара ни со пристап до форматите како IMG, ISO или BIN.

Најновата верзија на OSFMount значително ги подобрува перформансите во делот со RAM вчитувања, а и ја надополнува таканаречената EWF библиотека, односно Expert Witness Compression Format library. Ваквото нешто можеби доаѓа со цена, а тоа е барањето корисниците да имаат Windows 7 оперативен систем или некој од поновите, со што малата група од XP корисниците остануваат со празни раце.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk