Радувајте се гејмери, Steam доаѓа на iOS

0 коментари 1 мин. читање

Steam објави дека Steam Link и Steam Video апликациите ќе бидат достапни и на Android и на iOS.

Апликацијата ќе им овозможи на корисниците да играат на своите телефони или таблет компјутери. Преку апликацијата корисникот може да ја стрима играта од Steam-библиотеката на Mac или Windows компјутер. Уредите меѓусебно се поврзуваат преку 5GHz бежична мрежа или Ethernet.

Апликацијата доаѓа за две недели, иако точната дата не е јаснo објавена. Она што го знаеме е дека треба да излезе во неделата која започнува со 21 мај. Малку подоцна ќе излезе и Steam Video апликација која ќе овозможи стрим и на видео на телефоните.

Колкав ќе биде интересот ќе биде интересно да се види. Што мислите вие? Дали ќе играте на телефоните или сепак останувате пред компјутерот?

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top