Најверојатно секој од нас најмалку еднаш одбрал „Ги прочитав и ги разбирам правилата за користење“ без да ги прочита или да ги разбере. На пример: „Дали знаете дека Amazon ве следи на страниците“ или „Компанијата може да ги промени правилата за користење во било кое време?“.
Terms of Service; Didn’t Read е екстензија која ги оценува веб страниците според праксата која ја имаат кога се во прашање податоците на корисниците.
Така како добра пракса се оценети:
- Бришењето на податоците од следењето кое го прави Twitter;
- Бришењето на лични податоци кое го овозможува Netflix;
- Сè што прави Wikipedia
- Не следењето на DuckDuckGо
- куп други кои може да ги разгледате тука.
Во зависност од квалитетот на овој договор ќе добиете податок дали договорот е добар или лош. Добра вест е дека добивате конечна оценка и кратко образложение за оценката.
За жал, екстензиајта има 2 недостатоци. Првиот е клучен, не фукционира како што би требало според најавата. Вториот е што нема доволно податоци за поголем дел од страниците. Корисникот може да отиде и на веб страница и да го побара сајтот за да дознае каква е пракасата на платформата.