Spotify ќе отпушти 17 отсто од вработените

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Најголемата платформа за стрим на музика Spotify пред крајот на годината најави дека ќе отпушти дел од вработените. Компанијата во најавената реорганизација ќе го намали бројот на вработени за 17 отсто.

„За време на последните две години, ставивме значителен акцент на изградбата на Spotify во одличен и одржлив бизнис, дизајниран да ја постигне нашата цел – да бидеме водечка аудио компанија во светот, компанија која постојано ќе биде профитабилнa и ќе расте и во иднина. Иако направивме соодветни чекори, како што споделивме многупати, имаме уште работа. Економскиот раст драстично забави, а капиталот поскапи. Spotify не е исклучок од оваа реалност.

Ова ме носи до одлука која ќе значи значителна промена за нашата компанија. За да го усогласам Spotify со нашите цели за иднината, и да бидеме сигурни дека имаме вистинска големина за предизвиците што претстојат, донесов тешка одлука да го намалам нашиот вкупен број на вработени за приближно 17% низ целата компанија. Сфаќам дека ова ќе влијае на голем број поединци кои дале вредни придонеси. Да бидеме отворени, многу паметни, талентирани и вредни луѓе ќе нѐ напуштат“, пишува директорот на Spotify, Даниел Ек, на блогот на компанијата.

Дури и оние кои ќе го „преживеат“ првиот „егзодус“ можеби нема да имаат сигурна иднина во Spotify. Компанијата размислувала наместо поголем број на отпуштања две помали реконструкции за 2024 и 2025 година. Сепак, на крај се одлучиле за се чини понепопуларната мерка. Дали отпуштањата ќе продолжат ќе дознаеме во иднина.

„Со оглед на неодамнешниот позитивен извештај за заработка и нашите перформанси сфаќам дека за многумина, отпуштањата во оваа големина ќе бидат изненадување “, продолжи Ек. „Дебатиравме за помали намалувања во текот на 2024 и 2025 година. Сепак, со оглед на јазот помеѓу нашите финансиски цели и нашите тековни оперативни трошоци, решив дека значителна акција за да ги исправиме нашите трошоци е најдобрата опција за да ги постигнеме целите.

Во 2023 година Spotify веќе отпушти 6% од своите вработени на почетокот на годината и уште 2% во мај. Во моментов Spotify има 9000 вработени, па со отпуштањата ќе бидат зафатени околу 1500 вработени од сите сектори.

Отпуштањата во Spotify доаѓаат само еден месец откако компанијата објави дека во третото тримесечје на 2023 година забележа раст од 11 отсто во однос на претходната година. Во овој период Spotify имаше приходи од 3,4 милијарди евра. Истовремено платформата најави некои промени во начинот на исплата на изведувачите кои ќе овозможат повеќе финансии за најпопуларните изведувачи.

Проблемите во Spotify, како и во останатите компании од ИТ-секторот започнуваат со преголеми вработувања во 2020 и 2021 година. Компаниите во тој период го искористија  капиталот и значително го зголемија бројот на вработени. По завршувањето на пандемијата и крајот на мерките за изолација навиките на потрошувачите се вратија во нормала. Како последица на ова дел од компаниите имаа проблем со премногу вработувања. Проблемот е покомплексен, каматните стапки се повисоки и некои од компаниите имаат инвестиции во поризични сектори. Она што мора да се забележи е дека компаниите кои отпуштаат вработени не се исклучок туку се дел од тренд кој ја зафати целата индустрија.

Помалку отпуштања, но Spotify не е исклучок

Добра вест е дека отпуштањата полека забавуваат, но не се во целост запрени. Алатката за следења на бројот на отпуштања на Crunchbase покажува дека и во последните шест месеци има отпуштања.

Од почетокот на 2022 година само во САД се отпуштени 270 000 работници од ИТ секторот. На кризата не беа имуни ниту најголемите компании. Amazon, Meta, Google, Microsoft, Salesforce отпуштија десетици илјади работници. Најлош месец за компаниите беше јануари во кој беа отпуштени 65000 вработени.

Иако бројката на отпуштања сега е значително помала и во последните шест месеци е помеѓу 3000 и 11000. Најголем дел од оваа бројка отпаѓа на неколку пропаднати стартапи како Zeus Living, Slync и Convoy, но и на поголеми компании како Amazon и Google кои имаа отпуштања во ноември. Креаторите на популарниот енџин за развој на видеоигри Unity на крајот на ноември објавија дека ќе го намалат бројот на вработени за околу 3,8 отсто или 265 работници.

Она што е позагрижувачки е дека барем засега нема бран на вработувања, со исклучок на неколку специјализирани сектори како генеративна вештачка интелигенција.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments