Spot е робот кој може да го замени вашето куче

0 коментари 1 мин. читање

На почетокот на февруари Boston Dynamic, компанија во сопственост на Google, го претстави најновиот робот во својата серија Spot. Наизглед Spot наликува на помала верзија на BigDog, што не е изненадување со оглед на тоа дека Spot тежи 72,5 килограми, наспроти BigDog кој тежи 240 килограми. Недостаток на ова е намалената тежина која може да ја носи Spot, иако стабилноста на роботот не е доведена во прашање. Погонот на роботот е хидрауличен, а напојувањето доаѓа преку електрична батерија. Сензорите кои помагаат за навигација се наоѓаат во „главата“ на Spot.

Тоа што е поинтересно е локацијата на самата промоција, за разлика од другите роботи, Spot е презентиран во објекти и во урбани средини. Дополнително целото видео повеќе наликува на инсерт од Star Wars каде корисникот оди на прошетка со роботи. Сепак за сега е нејасно дали ова е само обид на Google да се оддели од сликата за роботи-убијци кои се креираат за воени операции, или компанијата навистина сериозно размислува да им го понуди Spot на луѓето како замена за домашно милениче.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед