CyanogenМod се ребрендира; објави и партнерство со Qualcomm

CyanogenMod на Mobile World Congress во Барселона го објави своето партнерство со производителот на мобилни процесори Qualcomm. Дел од соработката е „отворениот“ оперативен систем да биде достапен на телефоните со послаби процесори Qualcomm 200, 400 и 600, кои во иднина би биле достапни со CyanogenMod уште во продавниците.

Од Cyanogen го најавија и своето ребрендирање, нов веб сајт и лого, како и досега платформата останува со својата заложба за отворен Android оперативен систем. Неодамна Microsoft инвестираше 70 милиони долари во Cyanogen, инвестиција која дел од аналитичарите ја протолкуваа како поткопување на доминацијата на Android.

Досега единствено OnePlus телефоните доаѓаа со CyanogenMod, а дел од ентузијастите кои сакаат поголема персонализација на Android можат на своите уреди да го инсталираат преку CM ROM. Новата соработка со Qualcomm најавува можност за поголем влез на пазарот за поевтини уреди. Соработката можеби е предизвикана од објавата на Google за Android One, со кој Google им наметнува на производителите минимални стандарди кои мора да бидат исполнети.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments