Популарните YouTube канали за само една година ги дуплирале милионите прегледи

0 коментари 1 мин. читање

Најпопуларните канали на YouТube вртоглаво ја зголемуваат својата публика. Во последната година најгледаните 100 канали повеќе од двојно го зголемиле бројот на прегледи. Така споредбата на јануари 2013 година и јануари 2015-та, покажува 7 милијарди прегледи во 2013-та, наспроти 14,7 милијарди прегледи оваа година, вели Tubefilter.

Најголеми канали на Youtube се Funtoys Collector, PewDiePie, Тејлор Свифт, Get Movies и LittleBabyBoom. Со оглед на тоа дека три од топ петте каналите на YouTube се за деца, а еден е за гејминг кој сепак привлекува помлада публика, не е никакво изненадување заложбата на YouTube да го направи сервисот побезбеден за децата.

Tubefilter со оваа објава го започна сервисот кој ќе овозможи неделно и месечно рангирање преку податоци кои ги обезбедува OpenSlate. Според најавата, новите податоци ќе бидат достапни секој петок.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед