„Споделувањето нè движи напред“ е мотото на овогодинешната Недела на мобилност

во ИТ.МК

Image courtesy of Електромобилност Македонија

Скопје ја одбележа светската недела на мобилноста. Дел од настанот е и едукативниот час во организација на Електромобилност Македонија. „Електричен полигон“ се одржи по четврти пат во организација на Секторот за заштита на животната средина и природата при град Скопје.

Овој пат бројот на презентирани возила беше нешто поголем. ЈП Градски паркинг и град Скопје ги презентираа своите возила. Нив им се приклучија и: Mitsubishi Motors Македонија со Mitsubishi iMiEV; Анима, со конвертирано возило од мотор со внатрешно согорување во електричен мотор; Фибернет МК кој се претстави со полнач за електромобили. Можеби најинтересно возило беше картингот развиен од студентите на ФЕИТ. Под менторство на проф. д-р Снежана Чундева и проф.р-д Гога Цветковски студентите го изработија презентираниот картинг.

Специјални гости на овој настан беа учениците од средните училишта Никола Карев и Орце Николов и учениците од Вера Циривири Трена од Скопје.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments