WizzAir Cheap Flight Search е македонска неофицијална платформа со која може да најдете евтини летови

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

WizzAir Cheap Flight Search е сервис кој може да ви помогне да пронајдете евтини авиобилети. Сервисот, или барем технологијата зад него е во тест фаза. И во овој дел од развојот пребарувачот може да ви биде супер полезен, пред сè ако патувате со флексибилни датуми.

Користењето е супер едноставно. Заинтересираниот патник, го внесува периодот во кој треба да патува, и веднаш по пребарувањето добива предлог летови. Апликацијатa има неколку полиња кои треба да се пополнат: почетна и крајна дестинација; минимален и максимален ден на денови за престој и секако, периодот во кој сакате да патувате.

„Сервисот е различен од другите пребарувачи на летови бидејќи најважни параметри му се дестинациите и бројот на ноќевања, а не точни датуми на полетување и враќање. Mоже да се специфицира и период од 3 месеци“, вели Марјан Петковски, еден од развивачите на платформата.

Летовите се од превозникот WizzAir, но засега нема официјална поддршка.

За бесплатните корисници WizzAir Cheap Flight Search нуди можност за пронаоѓање на лет во период од 1 месец. Платформата единствено помага да го пронајдете посакуваниот лет, понатаму треба истиот да го пронајдете на WizzAir и таму да си резервирате.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments