И Русија има огромен апарат за следење, објави Wikileaks

Wikileaks вообичаено објавувува податоци за можностите за следење на агенциите од САД. Сепак, новите споделени податоци покажуваат дека државите од западот не се осамени во следењето.

Документите покажуваат дека и Русија има масивен апарат со кој ги следи мобилните и интернет комуникациите. Последната објава содржи 34 документи, сите на руски јазик. Документите се однесуваат на компанијата Peter-Services.

Peter-Services на државните агенции им помага да соберат податоци од руските корисници, дел од националниот систем за слeдење, јави Washington Post. Русија има можност за следење на 500 милиони повици во текот на еден ден. Дополнително, со помош на алатката Traffic Data Mart (TDM) агенциите можат да следат кои веб продавници, форуми, друштвени мрежи го посетува корисникот.

Сепак, дел од експертите не сметаат дека документите се спектакуларни. Секако додаваат нови детали, но не премногу, вели Андреј Солдатов.

Документите сепак споделуваат некои технички податоци за следењето. Системот за оперативни истражувачки активности не е тајна. Вообичаено, Wikileaks податоците ги објавува во серии, па можеби поинтересни ќе бидат следните објави, ако воопшто постојат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk