0 коментари 2 мин. читање 15 август, 2014

Споделување на клипчиња од Премиер лигата на Vine или како gif е нелегално

Премиер лигата им забрани на фановите да ги споделуваат головите и интересните моменти од фудбалските натпревари на Vine или во форма на gif анимации, пренесува BBC. Според Премиер лигата, која е строга во заштитата на правата на Sky Sports и BT Sport, кои платија рекордни 3 милијарда фунти за ексклузивни телевизиски преноси, објавувањето на кратки клипчиња е нелегално и ги прекршува авторските права.

Премиер лигата ја има поддршката од FIFA, која е незадоволна што корисниците споделуваа клипчиња од Светското првенство во Бразил, но прашање е дали двете организации ќе можат да ги спречат милионите фанови кои ентузијастички снимаат и споделуваат кратки видеа. Vine е еден од многуте сервиси кој дозволува клипче да се сними за неколку секунди и да се закачи јавно на сите друштвени мрежи. Најавата од Премиер лигата е дека ќе направат таканаречен crawler кој ќе пробарува популарни Vine клипови од фудбалските натпревари, и штом ќе бидат најдени ќе побараат од Twitter, кој е сопственик на Vine, да ги тргне. Отстранување на ексклузивна фудбалска содржина може да се види на YouTube каде е неверојатно ретко да најдете клипови од актуелни натпревари, или пак ако има, се отстрануваат скоро во истиот час од објавувањето.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top