0 коментари 2 мин. читање 15 август, 2014

Актерот Toм Хенкс престави „машина за пишување“ за iPad

Том Хенкс е актер, добитник на Оскар, продуцент, и еден од оние луѓе на кои им фалат „старите добри времиња“ кога се куцаа писма на класичните (и гласни) машини за пишување. Актерот има колекција на машини и вели дека ги користи скоро секој ден за пишување, иако често за посложени работи мора да користи компјутер. Moжеби затоа – да си го нарави пишувањето попријатно и на компјутер – г. Хенкс го претстави својот Hanx Writer. Апликацијата ја симулира машината за пишување така што ги има гласните тапкања на буквите, хартијата оди од десно на лево, и секоја нова страна мора да биде навиткана.

„Hanx Writer е мој подарок за идните хипстери на светот“, вели актерот за USA Today. „Тоа што е пријатно и емотивно за мене е што го имате звукот дека сте притиснале копче; тоа ми дозволува да размислувам појасно. Можеби луѓето што ќе ја симнат апликацијата ќе сакаат да слушнат други звуци, но во суштина, таа е за луѓето кои бараат поинтимно искуство кога пишуваат на iPad“.

Апликацијата е бесплатна на App Store, но за нови фонтови и звучи ќе треба да доплатите 3 долари. Една од вградените функционалности, се шегува актерот, е што може да отидете во некое кафуле и да бидете апсолутно досаден со сето тоа гласно кликање.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top