{mosimage}Не е само актуелната економската криза фактор за падање на акциите на ИТ компаниите. Во овој случај, фактор за ниската вредност на акциите на Apple до најниската точка во последните 52 недели е гласина од iReporter, сајт за граѓанско новинарство на CNN, на кој се најде приказна дека Steve Jobs, извршниот директор на Apple, има доживеано срцев удар и е одведен во болница.
CNN веднаш го банираше „трачерот“ и ја тргна приказната, поради која се верува дека акциите на Apple паднаа најниско до сега за околу 6-7%, под 90$. Најновото продолжение на приказната е дека сега и SEC (Државна комисија за контролирање на берзата) се вмеша во случајот, ја бараат личноста Јohntw која стои зад приказната.
{mosimage}
Оваа приказна ги вознемири медиумите кои на своите сајтови дозволуваат граѓанско новинарство. Многу од медиумите со таква опција, ги проверуваат приказните и коментарите пред да ги објават, но не и CNN, кои веднаш по сфаќањето на грешката излегоа со официјална изјава дека: "iReport.com е сајт со содржина целосно генерирана од корисниците. Содржината која не е соодветна според „Правилата на заедницата“ ќе биде тргната“.
Сепак оваа приказна, односно трач, ги наметна прашањата: Дали кредибилитетот на CNN е срушен? Дали и колку треба да се верува на граѓанското новинарство? Колкава штета може да направи еден трач ако се стави под крилата на новинарството?
– Тоа што е објавено на сајт на CNN, има поголема тежина отколку да е објавено на Тwitter. – изјави Erick Schonfeld, блогер од TechCrunch за Computerworld.
Новинарот Rory Cellan-Jones на блогот за технологија Dot.life на BBC пишува дека границата меѓу професионалното и аматерското новинарство станува се поматна.
– Овој вид на трач никогаш немаше да биде објавен од големите медиуми без да се провери. Но „mainstream“ медиумите, вклучувајќи го и BBC, се под притисок да имаат повеќе контакт со нивните читатели и гледачи, да докажат дека го „разбираат“ веб 2.0 светот – напиша Cellan-Jones.
За љубопитните – текстот кој беше објавен на iReporter.com, кој сега е тргнат од сајтот.
„Steve Jobs was rushed to the ER just a few hours ago after suffering a major heart attack. I have an insiderong who tells me that paramedics were called after Steve claimed to be suffering from severe chest pains and shortness of breath. My source has opted to remain anonymous, but he is quite reliable. I haven’t seen anything about this anywhere else yet, and as of right now, I have no further information, so I thought this would be a good place to start. If anyone else has more information, please share it.„






