Елон Маск, основачот на SpaceX, планира да ја испрати ракетата Starship на Марс до крајот на следната година. Маск најави и можност за човечки слетувања веќе во 2029 година, иако вели дека 2031 година е поверојатен период. Овој амбициозен план доаѓа и покрај неколкуте неодамнешни експлозии за време на тест летовите.
Starship, најголемата ракета во историјата, е клучна за плановите на Маск за колонизацијата на Марс. Тестовите на ракетата доживеаја повеќе неуспеси, вклучувајќи и две експлозии годинава. SpaceX ќе ги анализира податоците за да ја утврди причината за последниот неуспех, а Федералната администрација за авијација (FAA) наложи истрага пред повторно лансирање.
НАСА планира да користи модифицирана верзија на Starship за мисиите Artemis на Месечината. Маск, има долгорочна визија за мултипланетарно човештво, со мисии и колонии на Марс. Веројатно во првиот лет кон црвената планета ќе учествува и хуманоидниот робот на Tesla, Optimus.
Starship departs for Mars at the end of next year, carrying Optimus.
— Elon Musk (@elonmusk) March 15, 2025
If those landings go well, then human landings may start as soon as 2029, although 2031 is more likely. https://t.co/JRBB95sgNN
Истовремено, SpaceX продолжува со лансирање на ракети Falcon 9 до Меѓународната вселенска станица (ISS). Неодамнешната мисија на Falcon 9 се соочи со одложувања поради технички проблеми со вселенскиот брод на Boeing. Сепак, се очекува оваа недела да заврши деветмесечниот престој на американските астронаути на Меѓународната вселенска станица. Патот на Буч Вилмор и Суни Вилијамс од Меѓународната вселенска станица (ISS) треба да зпаочне во вторник. Тие, заедно со уште еден американски астронаут и руски космонаут, ќе се вратат на Земјата со вселенското летало SpaceX Crew Dragon, откако нивниот првично планиран лет со Boeing Starliner беше откажан поради технички проблеми. Нивното враќање, ќе биде пренесувано во живо.

Неколку предвидувања кои не се прославија
Елон Маск е познат по своите амбициозни проекти и смели предвидувања, но дури ниту нему не му успева да ги оствари во предвидениот рок. Во своите изјави често давал временски рамки кои не биле остварливи. Еве неколку примери кога неговите временски рамки се покажаа како премногу оптимистички:
- Tesla Model 3: Иако овој електричен автомобил беше огромен успех, производството многу доцнеше. Маск првично вети дека масовното производство ќе започне во 2017 година, но Tesla се бореше со „производствен пекол“. На крај целосните производни цели беа постигнати дури две години подоцна, во 2019 година.
- Tesla Semi: Овој електричен камион беше претставен во 2017 година со ветување за испорака во 2019 година. Производството беше одложено неколку пати, а првите испораки се случија три години подоцна, во декември 2022 година.
- Првите тестови на ракетата која ќе лета до Марс започнуваат во 2019 година. На SXSW конференцијата Елон Маск најави дека првата ракета која ќе лета на Марс Big Falcon Rocket или скратено BFR ќе започнат во 2019 година. Првата ракета која ќе слета со товар, требаше да го направи ова пред 2022 година.
- SpaceX Starship: Маск има големи планови за Starship, вселенско летало дизајнирано за транспорт на луѓе и товар до Марс и други дестинации. Првично предвиде дека Starship ќе стигне до Марс до 2024 година, но тој рок е значително поместен. И покрај успешните тестови, остануваат многу технички предизвици за решавање пред да се оствари мисија со екипаж на Марс.
- Автономно возење на Тесла (Full Self-Driving FSD): Ова е едно најчесто повторуваните ветувања, кои за жал засега се неостварени. Маск постојано ветуваше дека Tesla ќе има целосно автономно возење „наскоро“. Сепак, и покрај тековните подобрувања, FSD сè уште не е целосно автономно и бара постојан надзор од возачот.







