Open AI и Goole најдоа заеднички јазик за тренинг со содржини кои не ги поседуваат

Open AI и Google заеднички побараа од американските власти да им овозможат да ја тренираат својата вештачка интелигенција со содржини кои не се во нивна сопственост. Секако ова значи дека двете компании бараат дозвола за прекршување на авторските права. Како главна причина за ова барање наведоа дека секое друго решение би значело дека ја предаваат „трката“ за вештачка интелигенција во рацете на Кина.

Барањето доаѓа по претставувањето на DeepSeek R1 и моделот на Alibaba Qwan 2.5 Max. Моделите имаат слични перформанси како западните конкуренти. Oна што е импресивно е што се значително поевтини. Ова важи и за креирање, но и за тренирање, и нивните оперативни трошоци. Тврдењата на OpenAI тогаш беа дека DeepSeek без дозвола ги користел одговорите од OpenAI за тренинг.

Причини за барањето

Двете компании кои вообичаено се конкуренти тврдат дека пристапот до големи количини на податоци, вклучувајќи и авторски заштитени содржини, е клучен за развојот на напредни модели на вештачка интелигенција. Тие посочуваат дека ограничувањата во пристапот до овие податоци ќе ги стават во неповолна позиција во однос на конкурентите, особено во Кина, каде што, според нив, развивачите на вештачка интелигенција имаат неограничен пристап до податоци.

OpenAI директно и отворено ја споменува Кина. Во својот став тие тврдат дека кинеските развивачи имаат „неограничен пристап до податоци“. Тука се вклучени и авторски заштитените податоци, што им дава предност во развојот на вештачка интелигенција. Двете компании тврдат дека користењето на авторски содржини е неопходно за тренирање на моделите на вештачка интелигенција за да бидат поточни и поспособни. Тие тврдат дека ограничувањата во пристапот до податоци ќе го забават технолошкиот напредок.

Двете компании се повикуваат на концептот на „фер употреба“, според кој одредени видови на користење на авторски заштитени дела се дозволени без дозвола од сопственикот на авторските права, особено за научни и образовни цели.

Зошто ова е контроверзно?

Барањето на OpenAI и Google предизвикува контроверзи поради неколку причини. Секако најголем проблем е прекршување на авторските права. Критичарите тврдат дека користењето на авторски заштитени содржини без дозвола е јасно прекршување на законите. Ова може да им нанесе штета на креаторите на содржини, како што се писатели, музичари и уметници.

Границите на „фер употреба“ се нејасни. Концептот на „фер употреба“ е честопати предмет на толкување. Критичарите стравуваат дека дозволувањето на користење на авторски содржини за тренирање на вештачка интелигенција ќе ги прошири границите на „фер употреба“ до степен што ќе ги загрози правата на креаторите. Постојат етички прашања за тоа дали е правилно да се користат авторски содржини за тренирање на вештачка интелигенција без дозвола од креаторите. Ова може да доведе до ситуација во која вештачката интелигенција ќе генерира содржини кои се многу слични на авторски заштитени дела, што може да доведе до правни спорови. Засега нема јасно правно толкување кој ќе биде виновен во овој случај.

Судски процеси

OpenAI во моментов се соочува со неколку тужби од новински агенции, како што е New York Times, и од познати личности како Сара Силверман и Џорџ Р.Р. Мартин. Компанијата е обвинета за наводно користење на нивни авторски заштитени дела за тренирање на нивните модели на вештачка интелигенција. Apple, Anthropic и Nvidia исто така се обвинети за користење на титлови од YouTube за тренирање на своите модели на вештачка интелигенција. Според правилата за користење на YouTube, ова е забрането.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk