Space Odyssey е видеоигра од Нил Дeграс Тајсон

Сигурно има куп видеоигри кои ја истражуваат вселената, сепак Space Odyssey е првата игра на Нил Деграс Тајсон. Во моментов играта е на Kickstarter и има собрано околу половина од потребните средства.

Space Odyssey е повеќе едукативно искуство отколку класична видеоигра. Секако дека ќе биде забавно, но на г. Деграс Тајсон му е поважно играта да биде точна.

Играта ќе започнува во базата „Infinity Command“, оттука играчите ќе ги започнуваат своите мисии; ќе ги развиваат планетите или роботите; ќе полетуваат со леталата за да истражуваат планети. Во текот на играта играчите значителна поддршка ќе имаат од научниците кои ќе им даваат клучни податоци за мисиите.

Делови од играта ќе бидат истражување, а дел ќе бидат симулација. Така играчите откако ќе ги внесат основните почетни параметри на својата планете, нема да можат понатаму да влијаат на истите. Ќе можат да ги развиваат флората, фауната или роботите.

Целата играта ќе биде целосно базирна на наука. Сè што се прави во текот на играњето ќе може претходно да биде тестирано во лабораториие и во симулаторите. Играчот може да развива и вештачка интелигенција или роботи кои ќе им помогнат во одржувањето и развојот на планетите.

Space Odyssey е најавена за декември 2018 година, а за поддржувачите има кул награди.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments