0 коментари 2 мин. читање 6 јули, 2017

Nvidia е новиот партнер на Baidu за производство на автономни возила

Nvidia и најголемиот кинески пребарувач, Baidu, потпишаа договор за развој на автономни возила. Договорот опфаќа и други области како развој на вештачка интелигенција.

Кога е во прашање компјутерот зад паметните возила, Nvidia речиси без сомневање е лидер на ова поле. Компанијaта постојано ја развива Dive PX платформата. Baidu веќе тестира автономни возила, но по партнерството ќе ја замени технологијата која ја користи, со Dive PX.

„Веруваме дека вештачката интелигенција е најмоќната технологија денес, со потенцијал да ја револуционеризира секоја индустрија. Нашата соработка е во склад со исклучителните технички ресурси за креирање на платформа за вештачка интлигенција за сите девелопери“, вели Јан Бак од Nvidia.

Кога се во прашање автономните возила на Baidu, компанијата би можела да има проблеми. Директорот на компанијата ЛиРобин е под истрага во Кина откако е објавено дека изнел едно од тест возилата надвор од тест зоната. Потоа со ова возило се возел во Пекинг. Во Кина е забрането возење на автономните возила на јавните патишта, вели BBC. Според г. Ли возилото управувало по улиците без никаков проблем.

Двете компании ќе работат и на оптимизација и на вештачката интелигеција на Baidu, PaddlePaddle, за графичките на Nvidia, јави BusinessInsider.

Кина е огромен пазар, па влезот на компанијата резултираше со раст на акциите на Nvidia од 3.27%.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top