Создавајте уникатна музика со помош на вештачката интелигенција во само четири чекори и без никакви познавања

Не е никаква тајна огромното напредување што се прави во поглед на вештачката интелигенција. Во последно време, често се споменува револуционерното достигнување при користење вештачка интелигенција за да се создаде музичка подлога. Целиот процес е автоматизиран, опфаќа само неколку чекори, а резултатите знаат да бидат повеќе од импресивни. Згора на тоа не бара од корисникот никакво познавање за музичките креативни процеси; сè се сведува на одбирање каква музика сакате да се создаде.

Beatoven.ai е алатка која ви дозволува на лесен начин и во неколку чекори да создадете најразлична музика за сите ваши содржини, независно од тоа дали се работи за TikTok/ YouTube видеа, или понапредни проекти, како музичка подлога за видео игри.

По посетување на веб сајтот, можете директно да го поставите вашето видео и да одберете еден од осумте понудени музички жанрови. Доколку се работи за подолго видео, односно проект, имате можност во кој било даден момент да го смените жанрот на музиката која оди во позадина. За дополнителни прилагодувања, можете да генерирате музичка подлога и во зависност од расположението кое сакате да го потенцирате, односно дали да се создаде музика која буди чувства на среќа, тага, и слично. За оваа цел, имате на располагање над 16 опции за „расположение“.

Последното нешто што ви останува е да кликнете на копчето Compose. По неколку моменти, напредните AI алгоритми на Beatoven.ai ќе ви создадат музика според вашите претходно наместени параметри. Од официјалниот сајт можете веднаш да преслушате и неколку примероци од AI генерирана музика.

Beatoven.ai се одликува со бесплатна и платежна опција. Пред да решите да се претплатите на професионалната верзија, дефинитивно проверете ја бесплатната првин. Преку основната верзија можете да преземете и користите до 15 минути AI создадена музика. Точно е дека сте ограничени во пристапот на жанрови, расположенија и инструменти кои можете да ги користите, но од она што е понудено сепак можете да извлечете заклучот дали е оваа алатка за вас или не.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk