Познато е дека ChatGPT-4 ќе биде достапен за употреба во првата половина на 2023-та година. Microsoft, еден од главните инвеститори во стартапот OpenAI кој е специјализиран за вештачка интелигенција, потвди дека новиот јазичен модел ќе биде достапен за целиот свет оваа недела. Додека многу технички детали се чуваат во тајност до официјалното објавување, веќе се шпекулира дека GPT-4 ќе биде мултимодален.
Што значи мултимодален?
Chat GPT-4, ќе има способност да генерира и анализира текст, слика, аудио и видео, за разлика од претходната верзија GPT-3 која има способност да генерира и анализира само текст.
Способност за менаџирање на повеќе јазици
Дополнително, GPT-4 ќе има можност да менаџира со влезот и излезот на податоци на различни јазици. Како на пример: ќе може да поставите прашање на англиски, а одговорот да го добиете на македонски. Веројатно, оваа новина би била од голема помош за преведувачките алатки.
500 пати помоќен од моменталниот GPT-3
GPT-4 ќе биде 500 пати помоќен од моменталниот GPT-3. Моменталната верзија на ChatGPT е изградена на GPT 3.5 со 175 милијарди параметри за машинско учење. Според најавите GPT-4 би имал 100 трилиони параметри за машинско учење. Градењето на AI алатка со повеќе параметри не мора да гарантира подобри перформанси, но сепак може да влијае на респонзивноста.
Microsoft нагласува дека влијанието на ChatGPT врз секојдневниот живот на многу луѓе е споредливо со она на iPhone пред повеќе од една деценија. Сепак, популарноста на четботот не ги попречи неговите амбиции за дополнително подобрување на јазичниот модел. Ова е причината зошто тие посветуваат значително внимание на лансирањето на GPT-4.
Дали ChatGPT-4 ќе биде лансиран со сите овие новитети и дали ќе наметне нови навики, останува да видиме…