0 коментари 1 мин. читање 15 септември, 2021

Создадете позадина за телефон од вашите најчесто користени апликации

Повеќето од нас поминуваме исклучително многу време пред нашите телефони и едноставно се губиме во одредени апликации.

Доколку навистина сакате да дознаете кои апликации се вашето виновно задоволство, но на забавен начин, WellPaper – Digital Wellbeing Live Wallpaper е апликација за Android со која можете да создадете позадини засновани на вашите најчесто користени апликации.

Создадените позадини со WellPaper се шаренолики и со три модерни дизајни , но за да можат да се создадат мора да ѝ дадете дозвола на апликацијата да добие пристап до податоците за најчесто користени апликации.

Апликацијата е бесплатна за користење и можете да ја преземете од тука!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top