Совет: Правете паузи помеѓу видео повиците

Ковид пандемијата полека завршува, но дел од работите кои ги донесе ќе останат и по неа. За среќа „социјалното дистанцирање“ завршува, а работењето од дома, барем за некои професии ќе продолжи. Дел од компаниите најавија дека во иднина ќе практикуваат хибриден начин на работа, но еден друг дел објави дека и во иднина ќе продолжат да работат од далечина. Оваа недела Bungie најави дека многу од позициите во компанијата ќе бидат отворени за работа од дома.

Еден дел од работата од дома секако може да подразбира и подолги часови, но и повеќе состаноци „залепени“ еден по друг. Овие видео-состаноци, иако можеби на прв поглед се помалку стресни од состаноците во живо, сепак влијаат на учесниците. Група истражувачи од Microsoft откри дека видео-средбите кои се одржуваат една по друга значително влијаат на стресот, а решението е едноставно: По секој видео-повик треба да се направи барем кратка пауза.

На почетокот на пандемијата тим на Microsoft од Human Factors Lab започна со спроведување на овие тестови. Четиринаесет доброволци на состаноците доаѓаа со електроенцефалограм – своевидна капа која може да ја забележи мозочната активност. За експериментот беа користени 2 сета на состаноци. Првиот сет составен од четири состаноци од половина час без пауза помеѓу состаноците, а вториот со 10 минутни паузи помеѓу состаноците. Во вториот експеримент учесниците овие паузи од 10 минути ги користеле за медитација. Дури и куса пауза помеѓу видео состаноците е доволна да се стабилизира бета активноста на мозокот. Бета брановите се генерираат кога мозокот е активно ангажиран со ментална активност. Во состаноците во кои не била правена пауза немало доволно време оваа активност да се стабилизира и нивото на стрес постојано растело. Со паузата е зголемена и концентрацијата на учесниците во разговорите. Во обратниот случај, кога учесниците биле оставени без пауза помеѓу разговорите, измерената мозочна активност покажала дека им е потешко да останат фокусирани и ангажирани.

Оваа пауза на само што овозможува да се намали стресот, туку остава и клучен период помеѓу состаноците потребен за фокусирање на следниот разговор. Самото префрлање од еден на друг состанок е стресно, па без пауза овој стрес само ќе се додаде на состанокот. Тоа дополнително ќе го подигне нивото на стрес на почетокот на следниот состанок.

Microsoft дури додаде можност во Outlook автоматски да се скусат сите состаноци. Со оваа функционалност автоматски се поместува и времето во кое започнува состанокот. Корисникот може да додаде автоматско скусување на постоечките состаноци. На пример за 10 минутно скусување и 30 минутен состанок; ако треба да започне во 11 часот, Outlook ќе го помести почетокот за 11:10 и ќе трае 20 минути.

Најважно и најдобро во ова кратење е корисникот сепак во периодот на пауза да стане и да се тргне од компјутерот, наместо да се обиде да заврши уште нешто пред следниот состанок. Ова не само што нема да влијае позитивно, туку може и да го зголеми стресот.

Еве дел од советите кој Microsoft ги сподели за поефикасни состаноци…

Направете пауза
Паузите во кој не сте пред компјутер се клучен дел од работниот ден.

Пронајдете ги активностите кои ве смируваат
Во експериментот Microsoft како активност за смирување користи медитација. Сепак секој корисник самиот треба да пронајде која активност најмногу го смирува и релаксира.

Дали навистина видео состаноците се неопходни
Понекогаш текст комуникацијата или споделување на документи се подобра опција. За некои таскови се неопходни видео-повици, но понекогаш е доволно имејл, документ, или порака во Teams.

Фокусирани состаноци
Самото испраќање на план и агенда пред состанокот е доволно да се скуси времето кое е потребно. Дополнително претходното планирање на времето и оставање на последните 5 минути за рекапитулација се одлични за продуктивноста.

Одржувајте ги учесниците ангажирани и енергични
Размислете за користење на модератор во виртуелните разговори. За секој да може да учествува Teams имаат алатки како: табла, пријавување за збори или „Breakout Rooms“.

Kоментари на статија (0)Што се дискутира на ИТ форум...

Нема одговори сè уште.

Loading new replies...

Еден дел од работата од дома секако може да подразбира и подолги часови, но и повеќе состаноци „залепени“ еден по друг. Овие видео-состаноци, иако можеби на прв поглед се помалку стресни од состаноците во живо, сепак влијаат на учесниците. Група истражувачи од Microsoft откри дека видео-средбите кои се одржуваат една по друга значително влијаат на стресот, а решението е едноставно: По секој видео-повик треба да се направи барем кратка пауза.

На почетокот на пандемијата тим на Microsoft од Human Factors Lab започна со спроведување на овие тестови. Четиринаесет доброволци на состаноците доаѓаа со електроенцефалограм – своевидна капа која може да ја забележи мозочната активност. За експериментот беа користени 2 сета на состаноци.

Прочитај повеќе @ Совет: Правете паузи помеѓу видео повиците ⋆ IT.mk

одговори 2 лајкови

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk