South Central Ventures наскоро стартува во Скопје со 40 мил. евра за балкански стартапи

во ИТ.МК

Пред неколку дена и официјално започна со работа South Central Ventures фондот кој има 40 милиони евра за инвестирање во балкански стартапи од Хрватска, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Црна Гора, јави Netokracija. Фондот потoчно дел од европскиот Enterprise Innovation Fund (ENIF) чија цел е инвестирање во иновативни проекти, стартапи и мали и средни компании на Балканот.

Канцеларии на фондот ќе има во Загреб и Скопје, иако балканското седиште ќе биде во Белград. Неодамна SouthCentral Ventures беше присутен на Summer Startup Festival во Охрид, од каде најавија дека наскоро ќе бидат отворени можности за финансирање на ИТ стартапи до 100.000 евра, а за поуспешните компании се предвидени и поголеми инвестиции од над милион евра. Проекти во кои ќе инвестира фондот, се слични со оние во кои инвестираат и во европските стартапи: интернет на нештата, веб и мобилни решенија, агротехнолошки проекти.

Интересно фондот за сега нема да организира настани на кои ќе може да се претстават стартапите, туку ќе бидат присутни на презентациите кои се орагнизираат локално. Инвеститорот и партнер на фондот, Јуре Микуж, за Netokracija им препорачува на стартапите наместо имејл или телефонски разговори, да ги пронајдат инвеститорите на овие настани и да им ја објаснат идејата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments