Sony со промоција за новиот Џејмс Бонд

во Свет

{mosimage}Sony Electronics денеска објави промоција наречена “Мисија за милион” (Mission for a Million) организирана специјално за новиот филм на Џејмс Бонд кој ќе биде објавен на 14 Ноември оваа година. Промоцијата на Sony нуди награда од 1 милион US долари и се концентрира на промоција на HD (High-definition) производите на компанијата.

Промоцијата ќе трае до 7 Ноември, а во мисијата за 1 милион долари ќе може да учествуваат сите регистрирани "агенти" кои преку виртуелно користење на Sony HD производи ќе се обидат да го пронајдат украдениот HDNA. Имено, HDNA е дел од маркетинг кампањата на Sony и ја прикажува целта на компанијата дека HD е дел од нивното DNA (ДНК).

{mosimage}

Сите заинтересирани учесници во оваа промоција ќе можат да се регистрираат на следниов линк.

Дополнително на оваа
маркетинг промоција, Sony ќе понуди и ограничен број на лиценцирани 007 продукти кои повторно ќе вклучуваат VAIO лаптоп со врежано лого на Џејмс Бонд, дигитален читач на книги и Micro Vault USB од 8 и 16 GB. Планираната количина на 007 VAIO лаптоп компјутери кои ќе бидат пуштени во продажба ќе биде само 100 парчиња.

Оваа маркетинг кампања има навистина одличен интерактивен пристап преку сајтот www.SonyMissionMillion.com и е одличен пример за иновативна соработка помеѓу Холивуд и Sony за заедничко присвојување на публиката.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments