1 коментар 2 мин. читање 16 октомври, 2012

Sony претстави 20-инчен Windows 8 таблет компјутер

Sony ги претстави своите кандидати за Windows 8 пазарот, Vaio Duo 11 и  Vaio Tap 20. Ако за Vaio Duo може да се каже дека е вообичаен хибрид помеѓу таблет и лаптоп компјутерите, Tap 20 е вистински „Голиат“ на пазарот. Дваесет инчниот таблет на Sony не претендира да биде врска помеѓу десктоп и хибрид туку е „се во едно“ уред.

Vaio Duo 11 е вообичаен хибрид помеѓу лаптоп и таблет компјутер со 11.6-инчен екран заштитен со Gorilla Glass.  Промената од лаптоп во таблет мод е направена така да страната која е прицврстена на тастатурата се отклучува и се лизга до другиот крај по што екранот ја покрива тастатурата и ракувањето на уредот  како таблет е олеснето.

Основната конфигурација на Vaio Duo 11 е Intel i3 процесор, 4 GB DDR3, 128 GB SSD, а лаптопот доаѓа и со пре-инсталиран  Windows 8. Процесорот можете да се надгради на i5 или i7, а просторот може да се зголеми со промена на  SSD на 256GB просотор. Цената на основната верзија на Vaio Duo е 1.100 долари.

Tap 20, барем засега, е најголемиот „таблет“ презентиран како Windows 8 уред. Дваесет инчниот екран препознава десет точки на допир и резолуција од 1600 х 900. Процесорот кој е употребен е 1.7GHz  Ivy Bridge. Покрај ова уредот има и 4GB RAM и 750GB хард диск. Графичката карта која се користи и во овој уред е Intel-oвата HD 4000.

Процесорот на Tap се надградува до Intel i5 или i7, а хард дискот може да биде заменет за SSD. Tap 20 доаѓа со бежични тастатура и глувче, а  почетна цена му е 880 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
toteto
toteto
13 years ago

Повеќе како All In One PC одколку како таблет.

Мени
Заедница
Изглед
To top