Истражување откри дека пиратите купуваат повеќе музика

во Веб

Претпоставката е дека ако ја симнуваш музиката бесплатно, тогаш немаш потреба да ја купуваш. Тоа е и логиката на музичката индустрија која се противи на пиратеријата обвинувајќи ги корисниците дека им крадат милијарди долари. Но, истражување од American Assembley од Универзитетот Колумбија напрвено со корисници од САД и Германија открива дека пиратите купуваат најмногу музика, дури 30 отсто повеќе од сите други.

Пиратите во суштина се фанови на музика. Според истражувањето, пиратите често имаат огромни колекции на музика, поголеми од таа на другите. Често симнувањето на музика се третира како тест, проверка и преслушување на таа музика пред да се купи. Интересно, истражувањето откри дека освен онлајн симнување, корисниците често си менуваат и физички CD-a за да преслушаат музика.

Околу 79 отсто од корисниците од 18 до 29 години имаат музички фајлови, споредено со 14-те отсто од луѓето над 64 години. Просечно музичките колекции содржат околу 1.444 песни, но тоа не се однесува на корисниците од 30 до 49 години кои немаат големи дигитални музички колекција, туку се уште користат CD-а, или во просек околу 50 CD-а.

На пиратирањето се гледа како на зло, но можеби моделот на продажба е лош. Денес сервиси како Spotify, GrooveShark и наскоро XBox Music за месечни претплати нудат бесплатно преслушување без реклами, додека iTunes и Google Play нудат пристап до музика од било кој уред. Таквиот начин на конзумирање на музика сигурно придонесува кон купување на песни т.е. плаќање за музика, посебно од љубителите на музика, односно пиратите.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@undefined
10 years ago

Истражувањето да не го правеше Dr. Nick Riviera – "If I kill you, you don't pay"? :)

види ги сите огласи на kariera.it.mk