ЕУ му „препорача“ на Google да се грижи за приватноста на корисниците

Google собира премногу кориснички информации, велат регулаторите на Европската Унија кои бараат интернет гигантот да им даде поголема контрола на корисниците. ЕУ му се обрати на Google во писмо во кое, како што пишува Reuters, Унијата била блиску да ги окарактеризира праксите на Google како нелегални.

Истрагата околу како Google собира податоци започна на почетокот на годината и беше предводена од Француската агенција за заштита на податоци која му даде на Google листа со 12 препораки за подобра безбедност на податоците. Една препорака е Google да биде појасен во објаснувањето на корисниците како им ги собира информациите и како ги користи за персонализирани реклами. Листата со совети е потпишана од сите земји-членки, и две што не се во ЕУ, Хрватска и Линхенштајн.

Регулаторите имаат најмногу забелешки на Google-овата обединета полиса за приватност, која важи за сите веб сервиси кои ги нуди компанијата како YouTube и Google+. Tаа полиса треба да му даде на Google можност да понуди интеграција на сите сервиси и да понуди подобри резултати во пребарувањето, но, според регулаторите, не е безбедно да се собираат личните информации од сите сервиси на едно место.

Google одби да даде коментар. Но, сигурно ќе следи реакција.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk