Sony од продажбата на секоја конзола заработува само 18 долари, известува All Things Digital. Sony PlayStation 4 во продажба за 399 долари, а неговите составни делови чинат 381 долар, но, за компанијата е важна заработката од игрите, не од хардверот.
Најскап дел од конзолата е процесорот кој го изработува AMD, а чини 100 долари. Процесорот кој го направи AMD е огромен 350mm квадратни и е речиси трипати поголем од следниот чип на пазарот. Покрај него 16 мемориски чипови чинат уште 88 долари што е речиси половина од вкупната цена. Хард-дискот од Seagate чини 37 долари, а оптичкиот диск 28 долари, заедно со чиповите за бежична поддршка. Новиот контролер за PlayStation 4 чини 18 долари.
Експертите велат дека доколку маргината е под 20 долари, уредот нема да заработува на пазарат. Но, хардверот не е проблем. Sony всушност се надева дека ќе направи пари од игрите и содржините за конзолата. Ова е и вообичаената практика на компанијата. Колку за пример, на почетокот на продажбата на PlayStation 3, компанијата за секоја продадена конзола губеше околу 200 долари, цената за производство на PS3 беше 800 долари, а во продажба беше 600 долари.
Се чини дека е и правилно конзолата да заработува токму од игрите, сепак најголем дел од корисниците кога го прават изборот на козолата го базираат врз основа на игрите достапни на конзолата. Затоа и листата за игри за PlayStation 4 вообичаено изгледа импресивно.
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.