0 коментари 2 мин. читање 20 ноември, 2013

Пристигнаа првите Made for iPhone гејминг контролери

Уште во јуни на претставувањето на iOS 7, Аpple најави дека во оперативниот систем ќе додаде и поддршка за други хардверски додатоци, пред се гејминг контролерите. Без таа поддршка, производителите на контролери мораа да соработуваат со индивидуални гејминг студија за да ја обезбедат синхронизацијата помеѓу игрите и контролерите. Но, благодарение на интегрираната поддршка сега пристигаат првите Made for iPhone гејмпади од Logitech и oд PowerA. И двата додатоци се еден вид кучиште во кое го закачувате iPhone телефонот. Гејминг копчињата се од страна, а целиот контролер има дополнителна батерија која го продолжува играњето, и која се поврзува со micro-USB кабел. За жал, контролерите работат само со iPhone 5+ телефоните.

Иако цената на контролерите е релативно евтина, околу 100 долара, сепак Polygon, кои го рецензираа Moga контролерот, велат дека пластичниот додаток кој не изгледа стабилно не вреди за тие пари. Но, ова се само првите вакви контролери кои „поставија ниска граница за конкуренцијата“. Можеби е попаметно да се почека уште малку додека да излезат понови верзии.

[youtube]nVfeShqTx-Q[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top