Google го претстави Glass Dev Kit; покажа апликации со проширена реалност

Google конечно дозволи да ѕирнеме во новиот app development kit кој доаѓа за Glass. Презентацијата е дел од Glass хакатлонот кој се одржува во Сан Франциско, јавува Verge. Glass Development Kit (GDK) ќе овозможува апликациите да работат офлајн, и да добиваат наредби веднаш без чекање на одговор од облакот. Со GDK развивачите ќе можат директно да му пристапат на хардверот на очилата, а новите апликации ќе може да ги искористат вградените GPS и жироскоп.

„Google се погрижи, доколку сте Android девелопер, развивањето за Glass да биде интуитивно“, вели Тимоти Џордан кој го претстави GDK.

Заедно со GDK, Google презентираше неколку апликации за Glass. Word Lens е апликација која го преведува текстот кој го гледате. Корисникот единствено до одбира текстот кој сака да го преведе и апликацијата на истото место го презентира преводот. Strava е апликација која на корисниците кој уживаат во џогирање или велосипедизам ќе им презентира детали за растојанието и брзината. Истовремено апликацијата е своевиден тренер кој ќе ги предупреди и советува корисниците доколку дел од рутата е тежок, но и ќе дава совети за подобрување на резултатите. Засега првите апликации кои ја покажуваат насоката во која во иднина ќе се движи Glass изгледаат фантастично, а првичниот оптимизам без сомневање е оправдан.

[youtube]oZSLKtpgQkc[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk