Синоќа на настанот што го организираше компанијата Sony, тие го претставија својот нов Playstation 4 кој според некои извори би требало да излезе на пазарот во ноември.
„Дневната соба не еповеќе центарот на PlayStation универзумот, гејмерот е.“, вели Ендрју Хаус, директор на Sony Entertainment. „PlayStation ќе продолжи да биде помоќен во секој аспект… и ќе го задржи срцето на сè што сме создале“, додава тој.
Четвртата генерација на Playstation доаѓа со 8 јадрен x86 процесор, нов графички прцесор, 8GB GDDR5 меморија и DualShock 4 џоистик. Новиот џоистик се состои од тачпад, копче за споделување, светлечка лента и можност за приклучување на слушалки. Светлечката лента се користи за одредување на далечината на играчот од конзолата, со помош на камерата која ќе ја има PS4.
[youtube]x7QhUL8NUK4[/youtube]
Уште една новост е прикачувањето и преземањето во позадината, што ќе и овозможи на конзолата да ја награди играта и системот, дури и доколку уредот е исклучен. Сето тоа е овозможено со помош на секундарниот процесор кој работи во позадина, додека примарниот е задолжен за гејмплејот. Покрај тоа, новиот Playstation 4 ќе биде и подруштвен. Имено, играчите ќе може да стримаат додека играат, а доколку вашиот пријател забележи дека сте во гужва, ќе може да ви се приклучи во играта, секако, доколку тоа е возможно.
На пресот се зборуваше за надоградбата на оваа конзола и како екосистемот на Playstation би можел да биде интегриран во останатите платформи како што е Vita, но и во паметните телефони и таблет компјутери. Игрите развиени за претходните генерации на Playstation нема да бидат компатабилни со новата верзија на оваа играчка конзола, но од Sony се надеваат дека тоа ќе биде решено додека конзолата излезе на пазарот.
Покрај новостите за Playstation 4 кои беа презентирани на настанот во Њу Јорк, беа најавени и првите игри за оваа конзола. Првиот човек на Guerilla Games го најави новото продолжение на Killzone: Shadowfall, а беше најавена и Driveclub и Diablo 3 од Blizzard.
[youtube]KZKEIQ30cjI[/youtube]









Не е можно да сум единствен кој мисли дека џојстикот е впрочем конзолата? :)