1 коментар 1 мин. читање

Симнете си Firefox 19 на Windows, Mac, Linux или на послаби Android телефони

Мozilla ја објави деведнаесетата верзија на својот Firefox прелистувач кој доаѓа со интегриран PDF читач за десктоп компјутерите и поддршка за теми на Google Android платформата.

Во декстоп верзијата освен HTML5 подобрувањaт и поправање на неколку грешки, најинтересна новина е додавањето на JavaScript библиотеката PDF.js која ги конвертира .pdf фајловите во HTML5. Сега .pdf документите ќе можат да се читаат директно во прелистувачот по зададено (default). Мора да признаете дека ова не е нешто спектакуларно од Mozilla која се повеќе заостанува зад Google на пазарот. Еве како изгледа битката помеѓу Firefox и Chrome во Македонија.

Но, Android верзијата доаѓа со подобра ARMv6 поддршка што значи дека ќе може да се користи и на дополнителни 15 милиони паметни телефони кои немаат супериорни перформанси. За да користите Firefox на Android ќе треба вашиот телефон да има минимум процесор од 600 MHz, 512 MB и HVGA. Тука ќе ги најдете сите Android телефони кои можат да го користат прелистувачот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top