Sony најави надградба на Android 4.1 за сите телефони од 2012-та

во Мобилни, Софтвер

Sony извести на својот блог дека сите Xperia паметни телефони издадени во текот на оваа година ќе добијат надградба на Android Jelly Bean 4.1.

Според нивните најави, најпрво во периодот од февруари до март, надградба ќе добијат моделите Xperia T, Xperia TX и Xperia V, а нешто подоцна и Xperia P, Xperia J и Xperia. Додека, корисниците на Xperia S, Xperia SL, Xperia ion и Xperia acro S своите паметни телефони ќе може да ги надградат некаде во вториот квартал од 2013та година.

Сите останати модели нема да бидат надградени, бидејќи според компанијата ќе воведат лошо корисничко исксутво и дека не се доволно издржливи за да работат на оваа верзија на оперативниот систем.

Добар потег од Sony, но помалку изгледа и задоцнето, со оглед на тоа дека Jelly Bean беше објавен уште вo јули оваа година. Касното преоѓање на најновите верзии на Android претставува проблем и за Google и за самите развивачи, кои мора своите апликации да ги прилагодуваат и за старите верзии на Android, со оглед на тоа дека Jelly Bean има премала користеност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Pappy
Pappy
11 years ago

Odlicno