0 коментари 2 мин. читање 19 декември, 2012

Најдете ги најпопуларните твитови со TweetsPie

ТweetsPie е нешто „најдобро што му се случило на македонскиот интернет“. Така Иван Димоски, попознат како @MedoDimoski, ја oпишува новата Android апликација која прикажува листа од вашите најдобри твитови. Апликацијата секој саат ги прегледува 600-те последни твитови од пријателите кои ги следите и ги избира најдобрите 21. Одбраните твитови се всушност најретвитувани твитови.

Апликацијата делува како персонализиран весник, ако може да се каже така, што ви ги доставува сите новини кои се најактуалени меѓу луѓето кои ги следите. Но, доколку има популарни профили со глобална публика, можете тие да ги оделите т.е. да ги сокриете и да добивате само твитови за локални настани и дискусии. Доколку пак имате малку пријатели, апликацијата има опција да прикажува твитови кои се ретвитнати од луѓе кои ги следите.

Повеќе информации за апликацијата ќе најдете на блогот на Иван.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top