Facebook Nearby ќе му конкурира на Foursquare со препораки за локални бизниси

Facebook стартува нов локациски сервис Nearby, достапен на мобилната апликација, преку кој ќе им нуди сугестии на корисниците за интересни места блиску до нив. Со оваа апликација Facebook директно ќе го нападне пазарот кој до сега беше доминиран од Yelp во САД, и таргетиран од Foursquare ширум светот.

Предноста на Facebook е што има многу повеќе корисниците од други вакви локациски бизниси. Апликацијата функционира така што корисниците „лајкуваат“ места или се чекираат на локациите, па Facebook знаејќи им ги сите интереси ќе може да им понуди подобри препораки. Разликата од Faceboo Places кои стартуваа пред две години, e што сега Nearby ќе нуди персонализирани резултати на корисниците.

Nearby е изграден од течките зад локацискиот сервис Gowalla кој беше купен од Facebook пред една година. Gowalla беше доста конкурентен сервис, но заостана во глобалното проширување зад Foursquare кој сега има над 30 милиони корисници. Но, дечките од Gowalla сега имаат пристап до 250 милиони корисници на локацискиoт сервис на Facebook, што ќе им даде добра предност да продолжат со својата работа.

Според ТechCrunch кои ја рецензираа апликацијата која стартува првин за помала група на корисници, апликацијата е „корисна“ бидејќи наместо да гледате места за чекирање, Nearby ве пречекува со препорачани локации наредени според релевантност соодветна на корисничките интереси. Целиот алгоритам ги одредува местата според различни фактори како колку пате сте се чекирале на некоја локација, кои фан страни сте лајкнале, кои сте ги рангирале итн.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments