{mosimage}Откако Sony во Февруари оваа година го претстави моделот Cyber-shot DSC-H50, за кратко време се дигна многу “галама” околу оваа дигитална камера со 9.1 мега пиксели и Carl Zeiss Vario-Tessar објектив кој може да се пронајде и кај другите Cyber-shot модели во последно време.
Оваа дигитална камера на Sony морам да признам дека ми остави доста позитивни впечатоци додека ја тестирав. DSC-H50 има 15х оптички зум (31-465 мм eq.) кој одлично функционира со Super SteadyShot оптичкиот стабилизатор.
{mosimage}
Sony Cyber-shot DSC-H50 исто така нуди и ISO стандардна опција за осетливост, од ISO 80 до 3.200, скромна внатрешна меморија од 15 мегабајти, и голем 3.0 инчен LCD дисплеј со 230.000 пиксели чија положба можете да ја менувате зависно од потребите.
{mosimage}Едни од поинтересните опции на овој модел се можноста за автоматско препознавање на човечки лица и на насмевки, камерата има и автоматски мерач на степен на насмевка што претставува интересна опција која може да биде и доста забавна, девет фокусирачки опции, AF асистирачка лампа и ноќен мод.
Бидејќи внатрешната меморија од 15 МБ нема да ви заврши никаква работа затоа што ќе може да снимите само околу четири слики, ќе мора да купите Memory Stick Duo картичка, 1 ГБ картичка чини околу
40 долари. Кога сме веќе кај дополнителната опрема, доколку имате огромна желба за фотографирање можеби би било паметно да размислите и за додатна батерија, моделот на батерии кои DSC-H50 ги користи се NP-BG1 Li, кои имаат цена од околу 70$. А доколку веќе навлезете подлабоко во ова хоби, би ве советувал да ги разгледате и разните објективи кои Sony ги нуди за овој модел.
Sony Cyber-shot DSC-H50 има повеќе опции за фотографирање, од можност за брзо фотографирање до сликање на пејсажи. Исто така нуди и црно и бела, сепија и живописна варијанта на сликање. Со помош на оваа дигитална камера можете да сликате и до 100 последователни слики со минијатурна пауза меѓу секоја. Компензацијата на експозиција варира помеѓу +/-2EV и 1/3 EV.
Сликите кои ги добивате во JPEG формат (видеата о MPEG VX/MPEG-1) може да бидат со следниве големини:
• 9M (3,456 x 2,592)
• 5M (2,592 x 1,944)
• 3M (2,048 x 1,536)
• VGA (640 x 480)
• 3:2 (3,456 x 2,304)
• 16:9 (3,456 x 1,944) / (1,920 x 1,080)
Една голема предност на овој модел на Sony е тоа што со DSC-H50 можете да снимате и кратки клипови со звук. Огромно задоволство е и опцијата за зумирање при снимање на клипови.
За да уживањето при користење на оваа дигитална камера биде уште поголемо, во кутијата ќе пронајдете и далечински управувач со кој ќе можете да зумирате и да сликате без досадните тајмери, кои сепак се присутни (2 и 10 секунди).
{mosimage}
Моделот има и одлична опција за менаџирање и уредување на слики и дополнителни внатрешни опции кои недостасуваат кај голем број на дигитални апарати. DSC-H50 навистина е совршениот модел доколку барате нешто повеќе од обичното, но сепак значење придавате на економичноста (цена од 350-400 US долари, доаѓа во две варијанти црна и сива, сивата е поскапа) и доколку не сте во можност да ги набавите оние подобри, професионални модели чии цени се движат од 700$ нагоре.






