0 коментари 2 мин. читање 16 февруари, 2017

Solveo ги поканува студентите на предизвик – како да освојат нови пазари?

Македонската платформа Solveo, основана од Драгана Нешовска и Иван Зографски, која цели кон поврзување и вмрежување на студентите и компаниите преку работа на реални проекти, по досегашните успешни три натпревари, реши да им постави нов предизвик на македонските студенти – Како да ја понудат, развијат и прошират услугата на Solveo на нови пазари?

Со мотивациска награда од 30.000 денари за победничкиот тим, Solveo бара заинтересирани студенти кои имаат насоки на интерес во областа на е-бизнис, маркетинг, финансии, менаџмент, дизајн, ИТ и психологија да аплицираат најдоцна до 19 февруари и да се приклучат во креативната работилница. Повикот е отворен за сите студенти кои сакаат да работат на реален проект и трае неполни 3 недели во 8 креативни работилници.

Image Courtesy of Solveo.co

Зошто треба да аплицирате доколку сте студент? 

Во реалниот свет има голема разлика помеѓу практичното и теоретското знаење и познавање на проблемите.  Работата на реален проект ќе ви понуди нова перспектива во вашето едуцирање, ќе се запознаете со пазарни проблеми од прва рака, а дополнително преку учествување во ваквите работилници ќе стекнете контакти и познанства кои понатаму ќе ви послужат во градење на вашата кариера.

Повеќе детали за апликацијата ќе пронајдете на следниов линк.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top