Aпликацијата за испраќње на текст пораки со вграден говорен асистент, Emu, сега е во сопственост на Google. Апликацијата успешно се разликуваше од конкуренцијата пред се поради тоа што можеше да препознава делови од разговорот, да ги организира обврските во календарот, па дури и да направи резервации. Emu е креирана од Гами Хафесенсон, кој има претходно искуство со говорниот асистент на Apple, Siri, а беше и менаџер на производи во Google.
Тимот кој работи на Emu вели дека е возбуден за следното поглавје во своите кариери, но тоа се лоши вести за сите на кои им се допаѓа апликацијата. Апликацијата најпрво ја креираа за Android кон крајот на минатата година, а за iOS е достапна од април. Но, сега, откако станаа дел од Google, од 25 август Emu ќе биде повлечена од App Store, a корисниците нема да можат да испраќаат и да примаат пораки.
Засега нема податоци за тоа како ќе биде интегриран тимот на Emu во Google, иако нема да биде преголемо изненадување доколку се приклучат на Google Now. Друга можност е тимот Google да го искористи тимот за истото што го правеше со апликацијата, но овојпат за Google+ Hangouts, предвидува TechCrunch.
[youtube]cJQUksUDpn8[/youtube]







