Google го најави новиот Android, со ново слатко име Marshmallow

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

Google ја најави новата верзија на Android, официјално 6.0, но и со послатко име – Marshmallow. Новата верзија доаѓа веќе наесен, а preview верзијата е веќе готова, но барем за сега не е потготвена за сите корисници.

Еден од новитетите кои корисниците веднаш ќе ги забележат на Android 6.0 е промена за пермисиите и повеќе нема едно давање дозвола засекогаш, туку дозволите (пермисиите) ќе бидат барани секој пат кога се потребни. Според најавите до излегувањето на оперативниот систем ќе бидат презентирани и два нови телефони кои ќе доаѓаат со оперативниот ситем. Според шпекулациите едниот од Huawei, а другиот речиси извесно Nexus 5 од LG, јави Verge.

Можеби поголем проблем отколку новиот оперативен систем за Google и за Android, а и за најголем дел од оперативните системи и телефоните, е проблемот со безбедносните пропусти. Минатиот месец беа откриени неколку пропусти за iOS и за Android и се чини дека напаѓачите стануваат се покреативни. Stagefright е безбедносен пропуст кој беше откриен минатитот месец и потенцијално овозможува напад врз стотици милиони уреди. Тоа што го прави опасен не е само малициозниот код, туку зарпите. Иако Google речиси веднаш го закрпи безбедносните дупки, токму тука и лежи најголемиот проблем на Android – бавното издавање на закрпите од страна на производителите.

Фрагментацијата на оперативниот систем со која Google се справува во последно време, се уште претставува проблем, посебно поради производителите кои мора да оддржуваат разни верзии на Android поради разните уреди. Како што пишува Re/code, Google со својот Android потсетува на искуството што го имавме со Windows, кога се објавуваа нови верзии, но бизнисите не ги надградуваат компјутерите. За разлика од Google, Apple на пример сам ги издава надградбите и закрпите на оперативниот систем и тоа на неколку уреди, па и покрај тоа што можеби подеднакво се небезбедни телефоните, безбедносните пропусти многу побрзо се затвораат.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk