Балтимор, Филаделфија, а од сега и Вашингтон веќе користат софтвер кој предвидува кои од прекршителите се посклони за враќање кон криминалот. Алгоритмот кој се користи е дело на криминологот Ричард Берк од Универзитетот Пенсилванија, а во негово креирање истражувачите проучиле над 60.000 прекршоци.
Софтверот треба да му помогне на одборот за помилување кој ги носи одлуките за предвремено ослободување на затворениците. Софтверот решава врз основа на повеќе податоци како: локација или криминално досие, но возраста на која е започнат криминалот и типот на прекршок се двата клучни фактори.
„Луѓето претпоставуваат дека ако некој е убиец, тогаш тој ќе убие и во иднина. Но, она што навистина е важно е она што таа личност правела како помлада. Ако тие извршиле вооружен грабеж на 14 годишна возраст, тоа е добар предзнак. Ако тие го сториле истото кривично дело на 30 години, тоа не е показател“ , вели г. Берк во интервју за ABC News.
Сепак не сите се премногу среќни со проектот. Професорот за криминално право од Њу Јорк, Шон Бушвеј, вели дека алгоритмот иако е импресивен, сепа не е праведно луѓето да бидат казнувани базирано на веројатност дека ќе направат криминал. Се се сведува на тоа дали сакате да погрешите кога ги помилувате прекршителите или да ги третирате поинаку затоа што можеби ќе го повторат прекршокот.