Како паметните уреди го земенуваат PC-то

во Хардвер

Глобалната испорака на PC компјутери падна за 4,9 отсто во финалниот квартал на 2012, споредено со истиот период во 2011, вели Gartner. Испораката е околу 90 милиони парчиња, што е навистина голема бројка, но проблемот е што бројката се намалува постепено како што таблет компјутерите и паметните телефони стануваат се поинтересни и поинтересни.

Аналитичарите на Gartner велат дека очекувањата дека корисникот ќе користи PC и таблет компјутер сепак не се исти како што во реалноста се одвиваат работите, каде корисниците се префрлуваат на таблети за конзумирање содржина, а PC-jата ги користат за административни и креативни работи. Со еден збор – за работа.

Проблем за PC пазарот (десктоп и преносни уреди) е што продажбата стагнира, додека продажбата на паметни телефони е се поголема, открива Business Insider во својот извештај. Интересно, луѓето постари од 13 години сега посакуваат iPаd-и и други таблет компјутер, наместо десктоп компјутер. Според проценките, целиот интерес на корисниците ќе се помести и до 2017 година, продажбата на таблет компјутерите ќе ја надмине продажбата на ноутбукови.

Причината за префрлување на таблет компјутерот, како што е споменато во извештајот на Business Insider, и од аналитичарите на Gartner, е што корисниците побрзо се навикнуваат на таблет компјутерите и ги користата се почесто. Дополнително се забележува почести интернет пристап преку мобилните уреди (таблети и телефони), дали за читање содржина на веб или пак за комуницирање со пријателите и споделување фотографии. Пример за ова е Facebook кој вели дека скоро 400 милиони корисници пристапуваат до мрежата преку мобилен уред.

Традиционалниот декстоп компјутер и лаптоп сега веќе не се омилениот домашен уред.Корисниците преферираат дома да користат таблет компјутери, додека PC-јата стануваат алатки за работа. Или според Business Insider, „Не, PC-то не умира, туку на домашното PC му дојде крајот“.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk