0 коментари 1 мин. читање

Со Windows Phone 8 ќе може да се складираат SMS пораки на Hotmail и Outlook.com

Windows Phone 8 најверојатно ќе дозволи да се синхронизираат и складираат SMS пораките, фотографиите, видеата и другите фајлови на Hotmail и новиот веб-базиран мејл клиент, Outlook.com, пишува Verge повикувајќи се на функционалностите во SDK алатките. Од претходно се знае дека синхроназицијата е можна и со PC и xBox, како и закачување фотографии и видеа на веб складиштето SkyDrive.

Проблем за синхронизираањето и складирањето на податоците може да биде што корисниците ќе треба да имаат Мicrosoft профил, но земајќи во обзир дека се работи за мобилен ОС на Microsoft најверојатно корисниците ќе добијат повеќе функционалности со тој профил.

Со користење на еден профил за синхронизација на куп други сервиси, корисниците на Windows Phone 8 ќе го добијат истото искуство на „затворена градина“ како што го имаат корисниците на iOS уредите со iTunes, односно корисниците на Google Аndroid.

Според Verge, повеќе детали за овие функционалности на Windows Phone ќе дознаеме на најавениот настан во среда.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top