0 коментари 1 мин. читање

Хакери објавија над еден милион Apple профили кои ги украдоа од FBI

<Надополнето 5.09> 
FBI демантира дека хакери им пробиле компјутер со милиони Apple профили
</надополнување>

Хакери објави над 1 милиони Apple UDID профили (Apple Unique Device Identifiers) кои, според нив, ги украле откако го пробиле FBI. Групата вели дека има вкупно 12 милиони профили, и лични информации на кориснички имиња, уреди кои ги користат, токени за нотификации, броеви на мобилни телефони и адрсеи.

Хакерите, кои најверојатно се дел од Anonymous и LulSec, во нивното соопштени велат дека во втората недела на март 2012-та година го пробиле Del Vastro ноутбукот на специјалниот агент Кристофер К. Станг од FBI преку AtomicRefenceArray ранливосота во Java. Преку ранливостаа биле симнати неколку фајлови од неговиот десктоп, меѓу кои била и листа на 12.367.232 уреди на Apple со сите информации. Ниту еден друг фајл од симнатите немал референца со листата.

 

Ова пробивање не само што е застрашувачки заради (не)безбедноста на доверливи податоци на FBI, кој знае какви се информации се крадат, туку го отвара прашањето зошто FBI следи 12 милиони корисници?

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top